Сите граѓани преку националниот портал uslugi.gov.mk може да пријават проблеми со кој се соочуваат при добивање на услуги од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и нерегуларности/злоупотреби на државно земјоделско земјиште до Државниот инспекторат за земјоделство Скопје.
Чекор 1: Ја отварaтe веб-страницата на Националниот портал uslugi.gov.mk- https://uslugi.gov.mk/.
Чекор 2: На веб-страницата на Националниот портал uslugi.gov.mk кликнувате на делот Поддршка

Чекор 3: За да пријавите проблем избирате Пријави проблем

ДОКОЛКУ САКАТЕ ДА ПРИЈАВИТЕ ПРОБЛЕМ СО СО КОЈ СЕ СООЧУВАТЕ ПРИ ДОБИВАЊЕ НА ОДРЕДЕНА УСЛУГА ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО
Чекор 4:
Во полето институција го избирате Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Во полето проблем* го пишувате насловот на проблемот
Во полето повеќе детали за проблемот го опишувате детално проблемот
Во полето електронска адреса за контакт* внесувате емаил адреса
Го внесувате кодот кој е прикажан и кликнувате на Испрати

ДОКОЛКУ САКАТЕ ДА ПРИЈАВИТЕ НЕРЕГУЛАРНОСТИ/ЗЛОУПОТРЕБИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ДО ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО СКОПЈЕ
Чекор 4:
Во полето институција го избирате Државен инспекторат за земјоделство Скопје.
Во полето проблем* го пишувате насловот на проблемот
Во полето повеќе детали за проблемот го опишувате детално проблемот
Во полето електронска адреса за контакт* внесувате емаил адреса
Го внесувате кодот кој е прикажан и кликнувате на Испрати

ДОКОЛКУ САКАТЕ ДА ПРИЈАВИТЕ ПРОБЛЕМ СО БЕСПРАВНИ СЕЧИ И ПУСТОШЕЊЕ НА ШУМИТЕ
Чекор 4:
Во полето институција го избирате Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство