дата на објава:
26 Jul 2010,,Република Македонија има одличен природен потенцијал за развој на земјоделството, особено на традиционалното производство кое се бара на странските пазари. Предничи традиционалното сточарско производство, чии млечни, традиционално произведени преработки, преку мрежата на ,, Слоу фуд, ,, ќе го трасираат патот за промоција и продажба на европскиот пазар.,, Ова е заклучокот од денешната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со Пиеро Сардо, претседател на ,,Слоу Фуд Фондација за Биодиверзитет,, од Италија и претставници на македонската фондација ,,Слоу Фуд Шарпланинска,, членка на меѓународното здружение ,, Слоу Фуд,,.