Барање за упис во регистар на откупувачи на земјоделски производи
дата на објава: 
16 Јуни 2011

Потпишани спогодби за соработка помеѓу Р.Македонија и Р.Србија
дата на објава: 
3 Фебруари 2012
dimovski_belgrad.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, и неговиот српски колега Министерот за земјоделство, трговија шумарство и водостопанство, Душан Петровиќ заедно со Директорот на Агенцијата за храна и ветерина Дејан Рунтевски денес во Земјоделската комора на Србија потпишаа договор за фитосанитарна соработка и договор за соработка во областа на безбедноста на храна и ветерината.

 

Договорите се потпишуваат со цел да се обезбеди непречен промет на растенија, растителни производи и производи од животинско потекло.

Фитосанитарната соработка ја потпишаа министерот Љупчо Димовски и неговиот српски колега министерот за земјоделство на Р. Србија Душан Петровиќ, а соработката во областа на ветерината и безбедноста на храната ја потпишаа министерот Петровиќ и директорот на Агенцијата за храна и ветерина Дејан Рунтевски.

 


Министерот Љупчо Димовски и принцот Мајкл од Кент ја посетија винарската визба „Тиквеш
дата на објава: 
31 Јануари 2012
sliki 026.jpg

Неговото височество принцот Мајкл од Кент придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска ја посетија винарската визба „Тиквеш“. За време на престојот во винарска визба принцот од Кент, разговараше со менаџментот, инвеститорите, енолозите и лозарите-партнери на „Тиквеш“ за перспективите за развој и зголемен пласман на македонските вина на британскиот пазар.

 

Министерот Димовски истакна  дека гостите од Велика Британија биле позитивно изненадени од состојбите во македонското земјоделство и сериозно заинтересирани за влез во македонскиот аграр.

 

Рејмонд Пауер од британската бизнис група рече  дека имало заложби за покренување на фонд за македонскиот аграр. Рече дека земјоделците ќе можат да добијат поволни кредити.

 


Министерот за земјоделство Љупчо Димовски одржа работен состанок со претставници на Сојуз на стопански комори –Агробизнис комора
дата на објава: 
24 Јануари 2012
Agrobiznis komora.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, денеска одржа работен состанок со претставници на Сојуз на стопански комори –Агробизнис комората и претставници од секторите во министерството. На состанокот стана збор за тековните прашања и проблеми во областа на земјоделството. Се направи анализа на земјоделскиот сектор, моменталната состојба, целите кои треба да се постигнат, како и роковите за постигнување на истите.


Мора да водиме сметка за искористувањето на водата и за последиците од климатските промени
дата на објава: 
21 Јануари 2012
Forum Berlin.jpg

Македонија има и произведува доволно храна, од тој аспект не спаѓа во групата загрозени земји, но мора рационално да ги користи природните ресурси и да води сметка за последиците од климатските промени, изјави министерот Љупчо Димовски по завршувањето на Самитот на министрите за земјоделство во Берлин.

- Поседиците од климатските промени веќе се чувствуваат, но работиме на нивно ублажување. Ги почитуваме сите препораки на Светска банка, домашните и странските експерти. Интензивно разговараме и за заштитата на водата. Во овој сегмент мора да бидеме многу внимателни зашто не можеме да се пофалиме дека сме богати со природни водни ресурси. Сепак, ако домаќински, ефикасно ги експлоатираме, можеме да обезбедиме квалитетно наводнување за земјоделските површини, истакна Димовски.


Syndicate content