Соопштенија


Тутунопроизводителите наскоро добиваат олеснителни околности при откупот и производството на тутун. Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера го потпиша новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи.


Апсурдно е тврдењето Трипуновски дека се работи за политичка хајка. Решението за престанок на работниот однос не е поврзано со неговата партиската определба, туку со прекршување на законските одредби.


Во Хангџо, НР Кина каде се одржува четвртиот состанок на министри за земјоделство на кој присуствуваат претставници на високо ниво од Кина и земјите на централна и источна Европа, свое учество зема и делегација од МЗШВ предводена од државниот секретар г-ин Нефрус Челику.


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска на електронскиот систем за јавни набавк на Бирото за јавни набавки го објави тендерот за набавка на гориво за земјоделска механизација.


Променливото време со повремени врнежи од дожд и пониски дневни температури на воздухот ги одржува земјоделските култури во активна состојба, со доволно влага во почвата но и со услови за појава на плевели, болести и штетници заради големата релативна влажност во воздухот.