Новости


Денеска започна потпишувањето на договорите за мерката „Помош за млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“. Финансиската поддршка за оваа мерка е до 10.000 евра во форма на грант.  Вкупно се потпишуваат 102 договори.


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски имаше работен состанок со градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски.


Денеска, во село Логоварди, Општина Битола, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасовски,  го посетија објектот каде во карантински услови се чуваат 159 јуници, набавени преку мерката 1.2.1 од Програмата за рурален развој.


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев за изградбата на сточарска фарма „Голд Ленд“, рече дека е придонес за локалниот економски развој на општина Прилеп и околината преку зголемување на бројот на вработени, промоција на локалната економија на домашниот и дел од пазарот во опкружувањето со доближување до највисоките светски стандарди за безбедно производство на храна, со исполнување на барањата на купувачите.


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 1.566  субјекти исплати вкупно 137,3 милиони денари за мерката „Директни плаќања за произведено и предадено јаболко кај регистриран откупувач.“



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици