Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Неготино одржа работна средба со лозарите од тиквешкиот регион. Оваа средба се одржува на еден месец пред бербата на годинешното грозје, со цел навреме да се планира откупот на годинешниот род. Ваков тип на средба министерот Николовски одржа и со винарските визби. На денешната средба министерот Николовски ги информираше лозарите за мерките што ги презема МШЗВ во делот на лозарството, како и за првичните проценки за план за откуп на грозје што го имаат доставено винарските визби.