Соопштенија


Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја усвои Уредбата за изменување на уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година. 


Пандемијата COVID-19 претставува огромен терет за јавните здравствени системи ширум светот, а милиони луѓе во најнапредните светски економии се во некаква форма на карантин.

За да се намали ризикот од уште поголема загуба - недостиг на храна за милиони, дури и во богатите земји - светот мора да преземе итни мерки за да ги минимизира нарушувањата во синџирите на снабдување со храна.


Откупната цена на зелката до 20-ти април ќе биде минимум 15 денари за килограм, ова денеска беше договорено на состонакот што министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димовски, го одржа со откупувачите на зелка. Ваквата одлука е поради вонредната состојба и последиците од појавата на коронавирусот врз секторот земјоделство.


Извозот на зелка оваа година споредено со минатата година е зголемен за 28 отсто. Конкретно, од почетокот на годинава, според податоците од Царинската управа, се извезени 17.018 тони зелка, за разлика од лани истиот период кога се извезле 13.278 тони зелка. 


Од денеска, на web страната на МЗШВ, поставен е банер за полесен пристап на земјоделците до новатa апликација на страната на Земјоделскиот пазарен информативен систем (ЗПИС).

Оваа апликација е под наслов „Понуда-Побарувачка“ и преку неа на земјоделците им се овозможува во овие услови на вонредна состојба кога голем дел од пазарите (кванташки, зелени пазари, добиточни пазари) не се во функција, сепак да можат да тргуваат со своите производи.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици