Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го објави јавниот повик за поднесување на барања за субвенции преку Програмата за капитални субвенции, а наменети за финансирање на инвестиции за реконструкција и пробивање на пристапни патишта до земјоделско земјиште. Со оваа Програма, нови 30 милиони денари заминуваат во капитални инвестиции во руралниот сектор, овој пат, за подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја со интензивна земјоделска дејност.