Новости


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска преку  прес конференција ја извести јавноста дека заради превенција од појава на „Африканска чума“ издадено е  Решение за предвремено отпочнување на ловната сезона на лов на  дивеч под заштита.


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорката на Управа за јавни приходи, Сања Лукаревска со карванот Мој ДДВ ја промовираа оваа мерка во Гевегелија. Со мерката Мој ДДВ којашто за прв ја воведува оваа Влада, граѓаните имаат можност со секоја фискална сметка до 30.000 денари, да остварат поврат на 15% од платениот ДДВ.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска одржа работен состанок со претставници од винарските визби.Оваа средба е дел од континунираните состаноци пред почетокот на бербата на винско и трпезно грозје, а целта е навреме да се анализираат податоците во делот на планираното производство за реколтата 2019, квалитетот на родот и откупот од страна на винарниците.


Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопаnство Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и градоначалникот на Градско Роберт Бешовски, го посетија откупниот центар за овошје и зеленчук Ником во Градско, корисник на средства од ИПАРД 2 програмата.


Со реконструкцијата се постигна структурна стабилност на браната, отпорност на надојдени води, со што се намалува ризикот од поплавите. Од друга страна, санирањето на браната ќе овозможи навремена достапност на вода за наводнување на земјоделските површини



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици