Соопштенија


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски одржа прес-конференција на којашто соопшти дека Владата на Република Северна Македонија ќе ги овозможи сите потребни услови за одржливо земјоделско производство, пласман и ќе одговори на барањата на земјоделците.


Имајќи ја предвид прогласената вонредна состојба во државата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до Владата предложи донесување на уредба со законска сила со цел овозможување нормално функционирање на државата и заштита на јавното здравје,  спречување на ширење на вирусот Корона (COVID 19) и производство да доволни количини на храна од примарно земјоделско производство.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во деновите од викендот (11-12.04.2020 година), телефонски да ги известат Општинските кризни штабови во местото на живеење каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.


Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со која се ставаат во мирување сите рокови за отворени повици за Националните и за ИПАРД 2 Програмата, соопштија на денешната прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) Николче Бабовски.


Денеска министрите за земјоделство од земјите од Југоисточна Европа во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија и Постојаната работна група за регионален рурален развој во ЈИЕ ( SWG), одржаа видео состанок, за влијанието на вирусот КОВИД 19, врз земјоделскиот сектор во Западен Балкан, како и за можните заеднички активности во справувањето со последиците.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици