Новости


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави Јавниот повик за Мерката 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од ИПАРД 2 Програмата. Вкупно на располагање за реализација на инвестиции по оваа мерка се 16,6 милиони евра.


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска на сметките на 638 лица исплати близу 82.724.000 денари за одгледувачите на органско производство. 


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска во ловиштето на планината Ниџе, имаше работна средба со повеќе концесионери на неколку ловишта во земјава. На средбата беа презентирани мерките на коишто работи министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за развој на оваа стопанска гранка, а концесионерите ги посочија нивните барања и предлози кои им се потребни за одржливост на ловиштата.


Со симболично откинување на првото јаболко, денеска во Ресен, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски заедно со градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски,  го означија почетокот на годинешната берба на јаболка.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со државниот секретар на МЗШВ, Нефрус Челику,  денеска во Тирана, Република Албанија, одржаа работен состанок со албанскиот министер за земјоделство и рурален развој Бледи Чучи.