Соопштенија


Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение со кое од денес се отвораат за работа добиточните пазари на целата територија на земјава. Пазарите беа затворени на 20 март годинава, како дел од превентивните мерки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширење на болеста КОВИД 19 кај луѓето. На добиточните пазари согласно решението кое денес стапи на сила, се забранува ставање во промет на свињи, а работењето треба да се прилагоди согласно мeрките на Владата и препораките на Министерството за здравство. 


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заменикот министер и дополнителната министерка за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и Санела Шкријељ, преку електронска апликација, на заедничка конференција за медиумите, реализирана преку електронската апликација „Zoom“, ги презентираа донесените мерки и реализираните активности за заштита на граѓаните и компаниите, особено оние најзагрозените од последиците на коронавирусот КОВИД-19.


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува сите корисници на мерката „зелена нафта“ дека рокот на минатогодишните картички за точење на „еуро дизел“  гориво за земјоделска механизација истекува на 30 –ти април 2020 година.


Од почетокот на годинава се исплатени 85 милиони евра за субвенции, со што се исплатени сите основни мерки, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, во денешната дебатна емисија „Топ тема“ на телевизија Телма.


На денешната седница, Владата на Република Северна Македонија донесе интервентна мерка наменета за стабилизирање на пазарот со зелка од домашно производство. Корисници на оваа интервентна мерка се земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со зелка, а оствареното производство го имаат продадено кај регистриран откупувач, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици