Соопштенија


Измените и дополнувањата на Законот за пасишта влегуваат во завршна фаза. На електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) www.ener.gov.mk е објавено известувањето за почеток на процесот за подготовка на предлог за измени и дополнувања на законот за пасиштата.


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во следниот период ја продолжува политиката за навремена и неселективна исплата на субвенциите за земјоделците.


Владата на последната седница донесе одлука за нова дополнителна субвенција за одгледувачите на овци.


Во Велес се одржува вториот ден од дводневниот форум на кој претставниците од Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството ќе разговараат за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ и советодавната улога на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.


Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, ги известува сите млекопроизводители дека започна поднесувањето на барањата за субвенции за предадено овчо, козјо, и кравјо млеко, трета фаза млеко, односно, за произведено и предадено млеко во периодот од мај до септември 2019- та година.