Продолжува кампањата за информирање и едукација за инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој - ИПАРД 2014 – 2020, од страна на секторот за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во рамки на едукативната кампања, ќе се одржат инфо-денови во неколку градови, каде што заинтересираните граѓани и правни субјекти ќе можат да се информираат за постапките и условите за аплицирање со цел да добијат средства од оваа програма.