Соопштенија


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува сите земјоделци кои имаат потреба да извршат промена на податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) по било кој основ, истото да го направат заклучно со 30 јуни. 


Пелагонискиот и Преспанскиот регион во текот на вчерашниот ден (06.06.2020 година) беа зафатени од интензивна нестабилна воздушна маса која доаѓаше од југ. Со цел да се спречи појава на град, Управата за хидрометеоролошки работи преку радарските центри Ѓуриште и Тополчани и Аероклуб Скопје во периодот од 10:15 часот до 16:33 часот извршија авионско засејување на градоносните облаци и потенцијално градоносни облаци со 135 палки, (една палка содржи 400г сребро јодит) со што е спречена  појава на град во овие региони.


Согласно воведената целосна забрана за движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, почнувајќи од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот, и во сите останати градови во државата, кадешто истотака има забарана за движење, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите земјоделци дека, движењето ќе биде регулирано на ист начин како по претходно утврдените правила. 


Агенцијата за финансиска поддршка во земјодделството и руралниот развој, ги информира сите земјоделци кои минатогодишните картички за „зелена нафта“, ги оштетиле или загубиле, истите најдоцна до 12 – ти јуни, да ги пријават во Подрачните единици на МЗШВ, од каде лани им беа доделени се со цел  да им се изработат нови.


Управата за хидрометеоролошки работи и Аероклуб Скопје, во текот на попладневните часови од вчерашниот ден (20.05.2020 година), имаа прва  успешна интервенција за спречување на појава на град со новата метода за авионско засејување на градоносните облаци.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици