Соопштенија


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска исплати над 98 милиони денари на сметките на 5.698 сточари за субвенции  произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.  


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на сметките на 929 лица исплати 11.471.600,00 денари за женски приплодни маторици, додека на 121 лице исплати 156.568.000,00 денари за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети.


Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе одлука да ги сведе на минимум директените средби со странки,  се со цел превенција и елиминирање на можноста од ширење на  вирусот КОВИД 19.


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 3.820   лица исплати  164.965,600,00  денари за фармерите кои одгледуваат и имаат презимени пчели.  


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги потсетува сите млади до 40 години кои сакаат да поднесат барање за добивање на финансиска поддршка преку мерката 113Поддршка за поттикнување на земјоделското производство“ истото може да го сторат најдоцна до утре 10 – ти март, до крај на работниот ден или документите да ги испратат по препорачана пошта.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици