Новости


Денеска се потпишаа првите договори за набавка на приплоден добиток. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува до 6.5 милиони денари.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никола Бабовски беа во посета на Велес, кадешто денеска почна распределбата на 1.672 персонализирани картички за „зелена нафта“ со вкупна вредност од 6.659.533 денари.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски денеска беше во посета на тиквешкиот регион. Го посети хидросистемот за наводнување во овој дел од државата. Заедно со директорот на Хидросистем Тиквеш, дискутираа со земјоделците за надминување на постоечките проблеми со наводнувањето, и обезбедување на потребната количина на вода.


Денеска во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се одржа Втората работилница од Регионалниот проект “ Подобрена методологија за собирање податоци за одржливо управување со рибни ресурси во Западен Балкан“.


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска ги презентираше дел од предностите кои им следуваат на земјоделците со измените и дополнувањата на Законот за земјоделско земјиште кои Собранието ги изгласа минатата недела.