Соопштенија


Во Хангџо, НР Кина каде се одржува четвртиот состанок на министри за земјоделство на кој присуствуваат претставници на високо ниво од Кина и земјите на централна и источна Европа, свое учество зема и делегација од МЗШВ предводена од државниот секретар г-ин Нефрус Челику.


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска на електронскиот систем за јавни набавк на Бирото за јавни набавки го објави тендерот за набавка на гориво за земјоделска механизација.


Променливото време со повремени врнежи од дожд и пониски дневни температури на воздухот ги одржува земјоделските култури во активна состојба, со доволно влага во почвата но и со услови за појава на плевели, болести и штетници заради големата релативна влажност во воздухот.


Во рамки на посетата, министерот ќе има работна средба со чешкиот министер за земјоделство, Мирослав Томан, со кога ќе разговараат за заедничката соработка на двете држави во секторот за земјоделство и храна, вклучително и бизнис секторот како и за пристапувањето на Република Северна Македонија во Европската унија. На средбата е предвидено потпишување на Декларација за намера помеѓу Република Чешка и Република Северна Македонија.


Поради сѐ позачестените негативни последици од климатските промени и појава на град, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, интензивно работи на мерки со кои што ќе се заштити земјоделското производство од штети од временските непогоди, конкретно од град.