Информации и мерки за превенција поврзани со вирус COVID-19


Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште 3 нови телефонски броеви за психолошка поддршка за трудниците и родилките, лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот, како и психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик во периодот со справувањето со КОВИД-19 во Република Северна Македонија. На телефонските броеви одговараат стручни лица, психијатри од Клиниката.


На денешната редовна прес-конференција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче изјави дека отворена е нова веб-страница со цел полесен пристап за граѓаните до сите информации во врска со коронавирусот во земјава.


Соработката на Министерството за одбрана и Армијата со Министерството за здравство и Град Скопје денес резултираше со целосно поставување на армиската мобилна болница „Role 2“ која Армијата ја подигна за проширување на капацитетите на Инфективната клиника која го згрижува заболените граѓани од COVID-19.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици