Откупено е целокупното договорено количество што го имаа откупните претпријатија со тутунопроизводителите за реколтата 2019-та

29.02.2020 13:20:00


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорот на Државниот испекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ беа во Прилеп по повод завршувањето на опкупот на тутун за реколтата 2019.

Откупот се одвиваше во согласност со пријавената динамика од страна на откупувачите. Штом завршат сите административни процедури околу контролите, Платежната агенција во текот на месец март ќе започне со средување на налозите за исплата на субвенциите за производителите на тутун.

„Целокупното договорено количество на тутун е откупено, а станува збор за околу 26,3 милиони килограми, по цена од 220 денари за килограм тутун. Оваа цена е историски највисока просечна откупна цена во последните шест години. Штом завршат сите административни процедури околу контролите, Платежната агенција во текот на месец март ќе започне со средување на налозите за исплата на субвенциите за производителите на тутун и доколку се вкалкулираат и субвенциите, се постигнуваат цена од околу 300 денари за килограм тутун.“- Изјави министерот Димковски

Тутунот е наша стратешка извозноориентирана гранка и во изминатите две и пол години бележи стабилно и одржливо производство.

Директорот на Државниот испекторат за земјоделство посочи дека инспекторите се постојано на терен, а така и ќе продолжат да делуваат и понатаму.

Новата производствена реколта ќе стартува според новиот Закон за тутун производи од тутун и сродни производи. Односно од оваа година се укинуваат евидентните листови и на  овој начин  драстично ќе се олеснат административните процедедури за тутунопроизводителите, и договорите тутунопроизводителите ќе ги склучуваат директно со откупните претпријатија.

Share