За пет дена завршува рокот за поднесување барања за мерка „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“ од ИПАРД 2

21.02.2020 13:00:00


За пет дена завршува рокот за поднесување на барања за мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“ од ИПАРД 2. Сите заинтересирани лица потребната документација треба да ја поденсат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој најдоцна до 26- ти февруари 2020 година. Преку Јавниот повик за мерката 3 на располагање се 13,3 милиони евра. Мерката овозможува реализација на инвестиции во модернизација на постоечките или отворање нови погони за производство на млеко и млечни производи, месо и месни производи, вклучувајќи и јајца, живина, потоа овошје и зеленчук, вклучувајќи печурки, компири и илегуминозни култури, житарици, млечни продукти и скроб, зеленчукови производи, масла и маснотии од животни, шира, вино и оцет“. Со овој повик на фирмите и на земјоделските задруги им се овозможува да инвестираат во набавка на нова опрема и да ги модернизираат постојните или да отвораат нови преработувачки капацитети, при што 50 отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана, односно финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка. Ефикасното искористување на мерките од ИПАРД 2 ќе придонесе за развој на домашните земјоделски стопанства и агро компаниите. Преку осовременување на постоечките и отворање на нови производни капацитети, се очекува зголемување и модернизирање на земјоделското производство, пласман на домашните преработки и девизен прилив од извозот на домашните производи.

Share