МЗШВ: За првпат државното земјоделско земјиште се доделува транспарентно и законски

17.02.2020 15:30:00


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во изминатите две и пол години спроведе транспарентна распределба на државното земјоделско земијште, согласно Законот за земјоделско земјиште. Оваа  пракса на правилно доделување на државното земјоделско земјиште ќе продолжи и во следниот период.

Во врска со изнесените информации од дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски,  дека МЗШВ постапува незаконски во распределбата на државното земјоделско земјиште со последните 4 јавни повици и 2 огласи, ја информираме јавноста, дека посочените јавни повици и огласи се распишани по барање и според потребите  на земјоделците и истите ќе бидат спроведени согласно сите позитивни законски одредби, за што и беа предложени соодветни дополнувања на Законот за земјоделското земјиште. Доделувањето на земјиште од  4 –те јавни повици ќе се реализира согласно законот, по завршување на распишаните предвремени парламентарни избори. Додека, 2-та јавни повици во транспарентна и законита постапка се завршени и за нив се веќе склучени договори.  

За првпат државното земјоделско земјиште се доделува транспарентно и законски. Одлика на оваа Влада е да работи во интерес и за потребите на земјоделците.

Дополнителниот заменик- министер Трипуновски, веројатно заборавил дека токму денешната негова цитирана законска одредба, е непрекинатно прекршувана во периодот на ВМРО ДПМНЕ од 2008 до јуни 2017-та година,  за што и се водат соодветни постапки против инволвирани во спроведувањето на повиците и огласите за распределба на државно земјоделско земјиште.

Намерите на дополнителниот заменик министер Трипуновски, да не се реализира распределбата на државното земјоделско земјиште според потребите на земјоделците, нема да се оствари.  Напротив, доделувањето на земјиштето ќе се спроведува во законита постапка веднаш после завршувањето на распишаните предвремени парламентарни избори.

Во изминитатите две и пол години, МЗШВ склучи 726 договори за закуп на државно земјоделско земјиште за вкупна површина од над 4.700 хектари.

Share