Исплатени субвенциите за одгледувачите на говеда

17.02.2020 14:00:00


Денеска се исплатија 354 милиони денари субвенции за 12.500 одгледувачи на говеда. Станува збор за исплата по мерката „2.1 Директни плаќања за обележани грла говеда“. Изминатиот период Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги исплати субвенциите за полједелците, за градинарите, за лозарите и овоштарите. Во следниот период, според календарот за исплата продолжува исплатата на субвенциите за останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството. Сите земјоделци што ги исполнуваат условите, ќе бидат навремено исплатени. Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно пред почеток на новата реколта. Пд почеток на мандатот до денеска се исплатени околу 370 милиони евра за развој на агро – секторот.

Share