Повик бр. 1/ЗАМ/2020 за финансиска поддршка на земјоделски задруги

13.02.2020 12:00:00


Почитувани,

Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, финансиран од Европската Унија, ги поканува подобните земјоделски задруги да учествуваат на „Повикот за финансиска поддршка на земјоделски задруги“ бр. 1/ЗАМ/2020.

Право на учество имаат земјоделски задруги кои се регистрирани во надлежните регистри на земјоделски задруги во периодот од 30.6.2018 г. до крајниот рок на овој повик и кои се во согласност со останатите критериуми на овој повик.

Инструкциите и обрасците за аплицирање можат да се подигнат во просториите на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) на ул. Никола Парапунов бр. 41а, 1060 Скопје.

Инструкциите и обрасците за аплицирање се достапни и во електронска форма на следнава веб-страница www.zadrugi.mk.

Рокот за пристигнување на пријавите е 31.3.2020 г. до 16.00 часот.

Заинтересираните земјоделски задруги за учество во повикот (апликанти) треба да поднесат пополнети и потпишани пријави во оригинал. Пријавите треба да пристигнат во наведениот рок на следната адреса: Македонска развојна фондација за претпријатија ул. „Никола Парапунов“ бр. 41а, 1060 Скопје, со назнака „За повик бр. 1/ЗАМ/2020“.

Апликантите се единствено одговорни за подготовката и поднесувањето на апликациите и регистрирањето на земјоделската задруга. Заинтересираните апликанти можат да побараат и техничка поддршка за подготовка на деловен (бизнис) план и за регистрација на земјоделска задруга. Барањето за техничка поддршка треба да се поднесе најдоцна до 10.3.2020 година на следнава адреса: Македонска развојна фондација за претпријатија ул. „Никола Парапунов“ бр. 41а, 1060 Скопје. 

Оваа постапка за избор се спроведува во рамки на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ кој е финансиран од Европската Унија (ЕУ), а спроведуван од CARE Германија/Луксембург и Македонската развојна фондација за претпријатија.

Повик бр. 1/ЗАМ/2020 за финансиска поддршка на земјоделски задруги

Урнек за договор за финансиска поддршка

Share