I. ПРЕДМЕТ
Предмет на овој јавен повик е реализација на средствата утврдени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 („Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 265/19) раздел 14001 - Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, програма 3 - Земјоделство и рурален развој, потпрограма 30 Земјоделство, ставка 489 - Капитални субвенции за претпријатија и невладини организации во износ од 10.000.000,00 денари чии средства ќе се користат за субвенционирање на проекти кои имаат за цел подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност.