Димковски: Околу 80 отсто од откупот на тутун е завршен, постигната највисока просечна откупна цена во последните шест години

09.01.2020 14:30:00


Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со директорот на Државниот инспекторат Зоран Шапуриќ и градоначалникот на општина Прилеп Илија Јованоски, беа во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп и откупниот пункт за тутун во с. Мало Коњари.

Министерот Димковски посочи дека околу 80 отсто од планираниот откуп на тутун е веќе завршен, а засега е постигната највисока просечна откупна цена во псоледните шест години.

„До денеска,  се откупени 20 милиони килограми тутун, и е постигната просечна откупна цена од 222,5 денари за килограм. Или вредноста на откупениот тутун е близу 4,3 милијарди денари,  од коишто  4,1 милирјарда е веќе исплатено од страна на претпријатијата кон тутунопроизводителите. Ова една доста постигната висока просечна откупна цена. За споредба во 2018-та година просечната откупна цена беше 214,2 денари за килограм, во  2017-та беше 217, 5 денари за килограм. Ако ги споредиме и претходните години, 2014-та просечната откупна цена била 118 денари, а во  2015-та година била 185 денари просечна откупна цена. Очекуваме оваа цена да биде задржана до крајот на откупот“, изјави министерот Димковски.

Договорената количина за откуп од реколатата 2019-та е околу 26 милиони килограми. Досега, околу 30 отсто од откупената количина на тутун е прва класа. 

Министерот Димковски, посочи од оваа година според новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, се укинуваат евидентните листови, со што драстично ќе се олеснат административните процедедури за тутуноптоизводителите, односно договорите ќе ги склучуваат директно со откупните претпријатија.

Со цел стимулирање на квалитетот, со новиот модел за зголемени субвенции што го воведе Владата на Република Северна Македонија, субвенциите за прва класа тутун се 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи. На овој начин се мотивираа тутунопроизводителите да произведуваат квалитетен тутун за да постигнат и повисока откупна цена.   

Share