До 31 декември е продолжен рокот за поднесување на барање за предадено јагне во кланичен капацитет

13.12.2019 10:00:00


Ве известуваме дека е продолжен рокот за поднесувањето на Барање за дополнителни директни плаќања за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет 2019 година.

РОКОТ за поднесување е до 31 ДЕКЕМВРИ 2019 година.

Во прилог е потврдата која треба да Ви биде издадена од кланицата.

Дополнителната субвенција е за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет  е во висина од 400 денари по грло.

Сите фармери кои ги исполнуваат условите за добивање на финансиска поддршка барањата можат да ги поднесат електронски со помош на компјутер. За да се аплицира, потребно е да се  најават на веб страната на Агенцијата, односно на  www.ipardpa.gov.mk и во полето „Директни плаќања-е барање“ ќе може да се поднесе електронското барање за предадено јагне, за произведено и предадено млеко или за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети во период мај-септември 2019 година. Сите фармери, кои имаат проблем сами да креираат, односно да поднесат електронско барање, може да побараат  помош во подрачните единици на министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Владата на Република Северна Македонија  донесе одлука за оваа дополнителна субвенција поради проблемите со висината на откупната цена, а со цел да се намалaт загубите на сточарите.

Документи за превземање

потврда
Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици