ЈАВЕН ПОВИК бр.07/2019 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година

26.11.2019 13:00:00


Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07, 5/09, 43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот

 

 

ЈАВЕН ПОВИК бр.07/2019

за доставување на барања за користење на средства од Програмата за

 финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година

 

 

  1. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

 

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:

ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ НА БАРАТЕЛОТ

 

Код на мерка

 

Назив на мерка

Максимална вредност на прифатливи трошоци по корисник

115

Активен женски член во земјоделското домаќинство

до 180.000,00 денари  прифатливи трошоци по поединечен корисник

 

II.        КОРИСНИЦИ

 

Право на користење на средства имаат следните субјекти:

Субјекти

Код на мерка

Земјоделски стопанства чиј носител е жена, запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој

Мерка 115

 

 

III.       ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

Средствата се наменети за инвестиции предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година.

 

    Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 115 изнесува 180.000,00 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

IV.       УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

 

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk

 

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година.

 

Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:

-          Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 23/19, 32/19, 106/19, 113/19, 153/19, 181/19 и 232/19)

-          Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 88/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17,  83/18 и 27/19)

-          Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18, 100/19 и 215/19) и

-          Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка. („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 72/14, 35/16, 59/16, 178/18, 77/19 и 214/19)

 

Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски да ги прикачат потребните документите предвидени за мерка 115.

 

Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерка 115 се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој  („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18, 100/19 и 215/19)

 

 

-          Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барањето на e-baranje.ipardpa.gov.mk

-          Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на  Договор за ко-финансирање со Агенцијата

-          Барањата кои не се поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.

 

 

 

V. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА

 

Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање може да се превземе на почетната страна e-baranje.ipardpa.gov.mk. Упатството за корисници за поединечна мерка може да се превземе по започнување на креирање на барање за мерката. Упатството за корисниците може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk, или може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот на адреса:

 

 

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

бул. „ 3-та Македонска бригада“ бр.20

(зграда на Македонија Табак блок Ц ) 1000 Скопје

 

 

 

 

VI. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

 

Електронски пополнетите барања за финансиска поддршка потребно е да се превземе, испринта и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на Барањето (0719-11516-ХХХХ/1). Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.

 

 

Крајниот рок за доставување на барањата е 25.12.2019 година.

 

 

 

Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: [email protected] и

на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.

Контакт:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,

Сектор за одобрување на проекти.

Телефон 02 3097-460, секој работен ден од 08:30 до 16.00 часот

E-пошта: [email protected]

 

Share