Продолжен рокот за аплицирање за субвенции за произведено и предадено млеко и за заклани несилки

19.11.2019 11:00:00


По барање на фармерите, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, го продолжи рокот за поднесување на барања за директни плаќања за произведено и предадено млеко, за период мај - септември 2019 година. Дополнителен рок за поднесување на барања  за директни плаќања, имаат и одгледувачите на  амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети во период мај-септември 2019 година. Новиот рок за доставување на барањата е 22- ри ноември 2019 – та година.

Share