Од денеска започнува рокот за поднесување на барања за дополнителната субвенција од 400 денари за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет во 2019 година. Рокот за поднесување на барањата за предадено јагне во кланичен капацитет е до 15 – ти декември 2019 година.
Сите фармери кои ги исполнуваат условите за добивање на финансиска поддршка барањата можат да ги поднесат електронски со помош на компјутер. За да се аплицира, потребно е да се најават на веб страната на Агенцијата, односно на www.ipardpa.gov.mk и во полето „Директни плаќања-е барање“ ќе може да се поднесе електронското барање за предадено јагне, за произведено и предадено млеко или за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети во период мај-септември 2019 година. Сите фармери, кои имаат проблем сами да креираат, односно да поднесат електонско барање, може да побараат помош во подрачните единици на министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за оваа дополнителна субвенција поради проблемите со висината на откупната цена, а со цел да се намалaт загубите на сточарите.