ЈАВЕН ОГЛАС

29.10.2019 12:00:00


Влада на Република Северна Македонија

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

Врз основа на член 21-a став 1 од 6Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16, 39/16 и “Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19), а по претходно добиена согласност од Владата на Република Северна Македонија и донесена Одлука за давање на согласност на Јавен оглас бр.01/19 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.222/19), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува

 

Јавен   ОГЛАС бр.01/19

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање

I. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 1.453ха 20ар 61м2  во следните региони во Република Северна Македонија:

 

- Последниот ден за поднесување пријави за учество на јавниот оглас е 09.12.2019 година (Понеделник)

- Понудите доставени по овој јавен оглас ќе бидат јавно отворени на ден 10.12.2019 година (вторник) во големата сала за состаноци во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ул.Аминта Трети бр.2 Скопје со почеток од 10 часот.

Документи за превземање

Образец за поплнување
Површини за објава
Верзија за банкараска гаранција
Јавен Оглас
Share