ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА НАПРЕДОК НА ПРОЕКТОТ „ ВОВЕДУВАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА ЗАЕДНИЧКО УРЕДУВАЊЕ НА ПАЗАРИТЕ“

29.10.2019 14:30:00


Денеска во рамките на проектот „Воведување и спроведување на мерките за заедничко уредување на пазарите“, се одржа работилница на која присуствуваа  претставници на Делегацијата на ЕУ во Скопје, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски како и многу земјоделци, откупувачи, преработувачи и дистрибутери.

Проектот е финансиран од Инструментот за претпристапната помош (ИПА) на Европската унија 2015 година, со буџет од 696 500 евра, со траење од 20 месеци.

Основна цел на овој проект е да се зголемат пазарните можности, економскиот развој, како и севкупната продуктивност во земјоделскиот сектор со унапредување на конкурентноста на земјоделскиот сектор, согласно барањата за пристапување во ЕУ.

„Овој проект има стратешко значење за зајакнување на позицијата на сите учесници во синџирот на додадена вредност, промоција на договорни вертикални и хоризонтални интеграции меѓу засегнатите страни, со цел да се поддржи транспарентноста, стабилноста, правичноста на пазарите во интерес на зголемување на конкурентноста на сите учесници поединечно и синџирот во целина. Исто така, проектот ќе им помогне на институциите и на приватниот сектор во уредување на бараниот сет на национални пазарни стандарди за свежо овошје и зеленчук на внатрешните и извозните пазари на ЕУ. Овој сет на активности ќе се спроведува главно преку градење на капацитети на сите засегнати страни, како и изготвување на предлог мерки и активности со препораки за нивна имплемемнтација. Главните очекувања од овој проект е да се му се помогне на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како креатор на политиките, да го заштити пазарот на земјоделски производи од нарушувања предизвикани од флуктуации на цените и нелојалната конкурентност со која секојдневно се соочуваат земјоделските производители“ – истакна министерот Трајан Димковски.

Димитри Николов, тим лидер на проектот истакна дека проектот има две клучни компоненти: „Воспоставување политика и регулативи за менаџирање на главните земјоделски производи во согласност со барањата на ЕУ – како прва компонента на проектот, а втората компонента е зајакнување на воспоставувањето на маркетинг стандардите, за пазарите на овошје и зеленчук во согласност со барањата на ЕУ“.

Проектот ќе се спроведува до август 2020 година, а главниот корисник на проектот е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

 

 

Share