МЗШВ: Се укинува делумната забраната за движење во шуми

26.09.2019 11:00:00


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на Јавното претпријатие “Национални Шуми”, ја донесе одлуката за укинување на забраната за движење во шума, донесена со акт бр.49-8435/2 од 07.08.2019 година, кое беше донесено со согласно член 57 став(3) од Законот на шумите (Сл.весник на РСМ бр.64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15, 44/15, 147/15, 7/16 и 39/16).

Имено, Одлуката за делумна забрана за движење во шума беше донесена поради појавата на голем број шумски пожари, а се укинува поради тоа што во моментов, согласно добиените информации од терен, нема активни пожари и нема опасност од појава на нови шумски пожари.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека екипите на Државниот инспекторат за земјоделство, Шумската полиција и Државниот инспекторат за шумарство и ловство, и во следниот период ќе ја следат состојбата на терен.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици