Димковски: Преку соработка и размена на искуства соевропските земји до ефикасно справување со африканската свинска чума

10.09.2019 14:30:00


Денеска во Софија, Република Бугарија, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство присуствуваа на 14 - от состанок на Постојаната група на експерти за болеста африканска свинска чума. На состанок на Постојаната група на експерти за болеста африканска свинска чума во Софија, присуствуваат министерката за земјоделство и храна на Република Бугарија, Десислава Танева, комесарот за здравство и безбедност на храна на Европската комсија, Витениус Андриукаитис, министри и делегации од над 20 министерства за земјоделство од Европа, како и директори на агенции за храна и ветеринарство.

Министерот Димковски на состанокот посочи дека одржувањето на овој состанок за Република Северна Македонија, како држава во којашто сеуште не е регистрирана болеста, е од исклучително значаење во овој период кога оваа болест зема се поголем замав во регионот, а воедно и да се разменат искуства со другите земји во делот на преземените мерки за справување со африканската свинска чума. При тоа, Димковски потенцираше дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе подолг период внимателно ја следи состојбата во однос на појавата и ширењето на на болеста во регионот и во Европа.

„Владата на Република Северна Македонија, во јули месец презеде сет на превентивни мерки за спречување на појава и ширење на болеста африканска свинска чума. Заради депопулација на питомите свињи од одгледувалиштата кои не ги исполнуваат биосигурносните мерки, министерството преку Програмата за финансиска помош воведе мерка за поддршка во висина од 50 евра по грло свиња. Оваа поддршка ќе ја добијат фармерите за секоја заклана свиња од фарми коишто немаат основни биосигурносни мерки. Агенцијата за храна и ветеринарство веќе склучи договор со претставниците од месната индустрија за да го преземање на месото. По добивањето на информацијата за појава на болеста африканска свинска чума кај свињите во соседна Бугарија, МЗШВ во јули донесе решение за одобрување на ловење на дивеч под заштита односно дива свиња, поради следење на здравствената состојба на животните и спречување на појава и ширење на болеста, и тоа 60 дена пред законскиот рок“, изјави во Софија министерот Димковски.

При тоа, Димковски посочи дека целта за носењето на ова решение е да се намали густината на популациите на дивите свињи, со што ќе се намали и ризикот за појава и ширење на оваа заразна болест во Република Северна Македонија. Отрселот е веќе во тек и се очекува да добие на интензитет во следниот период пред нас. Инаку како дел од превентивните мерки што ги презеде Владата на РСМ  се забрана за држење на свињи на отворено, зајакнати контроли на граничните премини од страна на Царинската управа во однос на проверка на личен багаж одземање на производи од животнско потекло, забрана на населување на дивата свиња во ловиштата согласно на планските документи и развојните програми, забрана за зимска прихрана на дивата свиња во ловиштата,  како и јакнење на јавната свест перку медиумски кампањи.

Во Република Северна Македонија, до овој момент надлежните институции немаат регистрирано појава на заболено животно од африканска свинска чума.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици