Димковски: Заеднички со Ловечката федерација ќе работиме на ефикасно спроведување на мерките за превенција од појава на африканска свинска чума

22.08.2019 14:30:00


 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска одржа работен состанок со Ловечката федерација. На состанокот на којшто присуствуваа членови на федерација од ловечките друштва во земјава, беа презентирани мерките коишто се однесуваат на превентивно делување и спречување на пренесувањето на болеста Африканска свинска чума на територијата на Република Северна Македонија.

Министерот Димковски потенцираше дека улогата на Ловечката федерација во спречување на појава на болеста Африканска свинска чума е голема, а Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде во постојна комуникација со федерацијата со цел ефикасно да се спроведуваат превентивните мерки. „Ловечката федерација е вклучена во намалувањето на бројот на диви свињи за секое заловено грло, освен месото, доколку е животното здраво, ќе се исплати и награда од 1000 денари. МЗШВ веќе подготвува промена на Уредбата и Програмата за директни плаќања, каде што имаме обврска до 3.000 денари бидат обештетени сточарите. Тоа е за малите семејни фарми коишто не можат да ги обезбедат основните биосигурносни мерки и според бројките од Агенцијата за храна и ветеринарство тоа се близу 2.000 одгледувалишта. Со ребалансот ќе се испланираат околу 65 милиони денари за преземање и планирање на овие активности. Покрај овие две мерки, локалната самоуправа ќе се вклучи со контрола и отстранување на слободно пуштените домашни свињи по депониите, оти секое слободно такво движење може да биде вектор којшто може да ја пренесе заразата. Вклучена е и Цраинската управа којашто ги следи граничните премени, АХВ има обврска да забрани движење и трговија на сточаните пазари и набавка на дезинфекциони делови на самите граници. Со Ловечката федерација го надминавме прашањето за забрана за влез во шуми, за што  поради појава на пожари беше ставена делумна забрана за движење во шуми“, изјави министерот Димковски.

 Директорот на ЈП Национални шуми, Зоран Ѓорѓиев, посочува на ловните друштва, односно ловците, да се обратат до подружниците на ЈП Национални шуми каде веднаш ќе им бидат издадени дозволи за движење во шума, а за оние ловишта за кои нема концесионери претпријатието ќе издава дозволи на ловните друштва и заеднички ќе се врши контролата на движење и спроведувањето на мерките.

Минисерот Димковски потенцираше дека во земјава сеуште нема појава на африканска свинска чума, и дека РСМ  е една од првите земји којашто презема превентивни мерки имајќи ги во предвид сите искуства од сите соседни земји. Превентивните мерки се преземаат со цел да спречи или минимизира појавата на болеста и економските штети. Димковски посочи дека вакви превентивни мерки преземаат и другите земји од регионот кај кои сеуште нам појава на болеста.

Претставниците од  Ловечката федерација, посочија дека ќе бидат ставени сите ресурси на федерацијата и членство, со цел превенција од појава на болеста на територијата на Репбулика Северна Македонија. Министерот Димковски порача дека МЗШВ ќе ја продолжи комуникацијата со Ловечката федерација и со здруженијата на свињи, се со цел да превенира појавата на болеста во Република Северна Македонија.

 

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици