Лозарите нема да бидат оставени сами, преку надлежните институции ќе го контролираме објавувањето на цените за откуп на грозје како и мерењето на шеќерните единици.

07.08.2019 15:00:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски денеска беше во посета на тиквешкиот регион. Го посети хидросистемот за наводнување во овој дел од државата. Заедно со директорот на Хидросистем Тиквеш, дискутираа со земјоделците за надминување на постоечките проблеми со наводнувањето, и обезбедување на потребната количина на вода.

“Денеска би сакал директно да се запознаам со проблемот со наводнувањето од хидросистемот Марена, со цел да се надмине состојбата како и да се најде начин долгорочно да се менаџираат системите. Паралелно работиме и на измени на законот донесен во 2015 година кој не е во полза на земјоделецот, ќе го поедноставиме целиот систем за да имаме максимална искористеност на водниот потенцијал”-изјави министерот Димковски.

Во однос на престојната берба на грозје и откупната цена, министерот Димковски истакна дека министерството и надлежните институции се во постојана комуникација со лозарите.

“Тоа што можам да го ветам е дека лозарите нема да бидат сами. Преку надлежните институции и Државниот инспекторат за земјоделство постојано ќе го контролираме објавувањето на цените за откуп на грозје како и мерењето на шеќерните единици. ”-истакна Димковски.

Очекуваме целокупното производство да биде откупено од страна на винарниците.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици