Регионален проект за “Подобрена методологија за собирање податоци за одржливо управување со рибни ресурси во Западен Балкан”

06.08.2019 14:00:00


Денеска во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се одржа Втората работилница од Регионалниот проект “ Подобрена методологија за собирање податоци за одржливо управување со рибни ресурси во Западен Балкан“.

Овој Регионален проект е поддржан од Организација за храна и земјоделство на Обединетите нации- ФАО, во кој покрај Република Северна Македонија, учествуваат и Република Албанија и Црна Гора.

Со оглед на тоа, дека една од основните цели во областа на рибарството е овозможување на трајно користење на рибите преку одржлив развој, целта и на овој проект е своевидна помош на креаторите на политиката и на сите други засегнати страни во областа на рибарството за олеснување на одржливото користење на рибите преку разгледување на моменталните состојбите во областа на рибарството, проценка на постоечките практики, како и нивен понатамошен развој.

Со овој проект се очекува да се воспостави соодветна методологија, да се овозможи добивање на стандардизирани и споредливи национални бази на податоци, кои натаму ќе може да се користат за изработка, усвојување и реализирање на национални и подрегионални планови за управување со ресурсите во согласност со пристапот базиран на одржливо рибарство. Со тоа, ќе се направи уште еден чекор натаму во прилагодувањето на  европските барања за рибарството.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици