Со новиот Закон за земјоделско земјиште овозможуваме правилнараспределба на земјиштето и ги решаваме поблемите на земјоделците

06.08.2019 13:30:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска ги презентираше дел од предностите кои им следуваат на земјоделците со измените и дополнувањата на Законот за земјоделско земјиште кои Собранието ги изгласа минатата недела.

Со измените се овозможува изградба на објекти за промоција на земјоделските производи и објекти за спортско рекреативни активности, а за првпат одгледувачите на пчели добиваат можност да земат државно земјоделско земјиште, и тоа со намена за поставување на пчелни семејства. Младите земјоделци до 40 години се ослободуваат од плаќање закупнина во првите 3 години од склучување на договорот за закуп.

„Со овој пакет на измени донесовме многу развојни мерки, нови политики и решавање на проблеми во интерес на земјоделците. Се стимулираат младите во државата да се занимаваат со земјоделство, создаваме поволни услови за нивна поголема вклученост во земјоделството и за започнување сопствен бизнис во агро секторот. Овозможуваме правилна распределба на земјоделското земјиште и го враќаме на вистинските земјоделци“, истакна Димковски.

Со новиот Закон за земјоделско земјиште се овозможува еднаков третман на сите кои сакаат да закупат државно земјоделско. Имено, сега и земјоделците кои веќе имаат добиено површини до 3 ха ќе имаат право на учество на оглас и проширување на својот земјишен фонд до 10 хектари. За првпат се овозможува измена на бизнис планот, како и промена на земјоделската култура.

Share