Почнува исплатата на средства за произведена и продадена риба

26.07.2019 12:30:00


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и  руралниот развој, исплати 7,3 милиони денари за произведена и продадена риба на пазарот на вкупно 14 субјекти. Со средствата од оваа мерка и преку Програмата за рибарство и аквакултура се поттикнува развојот на рибарството и производството на риба во Република Северна Македонија.

Станува збор за исплата на средства за корисници на  Мерката „Финансиска поддршка за произведена и продадена риба на пазарот “  која се реализира преку Програмата за рибарство и аквакултура. 

Оваа финансиската поддршка им следува на сите субјекти кои произвеле и продале риба на пазарите, а кои во тој период  немаат увезено жива риба.

Поддршката се доделува скалесто во зависност од капацитетот на рибникот и продадена риба. Рибниците кои произвеле  и продале до 25 илјади килиограми риба  добија 100 отсто субвенција од 20 денари за продадена риба. Субјектите пак кои  произвеле и продале од 25.000 до 50.000 килограми  им е исплатена 75% субвенција за 20 денари продадена риба, додека пак оние субјекти кои имаат до 100.000 килограми субвенцијата изнесува 50% од 20 денари продадена риба. 25% субвенција следува на  оние субјекти кои имаат произведено и продадено над 100.000 килограми.

За да се искористат средствата од оваа Мерка апликантите, односно, субјектите треба да се регистрирани за дејност аквакултура и да се запишани во регистарот на одгледувачи на риби што се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како  и да  немаат увезено порибителен материјал и жива риба.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици