Љупчо Николовски нема да користи апанажа

28.06.2019 13:50:00


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, информира дека со заминувањето од функцијата министер за земјоделство, шумарство и вводостопанство, Љупчо Николовски, нема да ја искористи законската можност за користење на апанажа.

Оваа одлука на Николовски е од морални причини и од интерес на граѓаните. Ова не е единствено одрекување од бенефициите кои што на Николовски законски му следуваат како функционер. Во изминатите две години, сите дневници за службени патувања Николовски ги донираше во СОС Детското село.

Share