Николовски: Со организирано земјоделско производство и создавање на цврсти договори помеѓу земјоделците и откупувачите, до сигурен откуп на земјоделските производи

10.06.2019 14:35:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска присуствуваше на земјоделскиот форум во организација на Националната федерација на фармери, насловен како „Организирано производство сигурен пласман“. На форумот присуствуваа земјоделци, претставници од преработувачката индустрија, професори од Факултетот за земјоделски науки и храна претставници од амбасадата на  Кралството Шведска и Регионалниот директор на „We Effect Европа“. Присутните ги презентираа актуелните состојби со организираноста на земјоделското производство, мерките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за поттикнување на договорното производство и обезбедување на сигурен пласман, како и идните планирани политики.

Министерот Николовски посочи дека од исклучително значење е заеднички да се работи на создавање на цврсти партнерски договори помеѓу земјоделците и откупувачите, бидејќи зависат едни од други.

„ Организираното земјоделско производство за земјоделците значи сигурен пласман, за откупувачите сигурна суровина и исполнување на договорите со странските партнери. Следејќи ги трендовите на понуда и побарувачка на светските берзи, земјоделците и откупувачите, преку договорното производство заеднички можат да го организираат производството, да направат план за потребните количини и квалитет, а со единствена цел да се спречи појава на вишок на земјоделски производи. Изминативе години сме сведоци дека поради неорганизираноста на производството речиси секоја година се соочуваме со вишок на производи кои нема каде се пласираат. За надминување на овие проблеми од круцијално значење и воспоставување на договорно производство помеѓу земјоделските производители од една страна и откупувачите и преработувачите од друга страна“, изјави Николовски.

При тоа, Николовски појасни дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство изминативе две години интензивно работи на политики и мерки со кои ќе се обезбедат услови за сигурен откуп и пласман на земјоделските производи, преку мерките од Програмата за рурален развој и преку ИПАРД 2 програмата.  Дополнително, во насока на воспоставување на услови за организирано земјоделско производство е и проектот „Воведување и спроведување на мерките за Заедничко уредување на пазарите“, кој што е во рамките на Инструментот за претпристапната помош (ИПА) на Европската унија 2015. Овој проект има стратешко значење со цел зајакнување на позицијата на сите учесници во синџирот на додадена вредност, и ќе се постигне поврзување на земјоделците со откупувачите, поттикнување на договорното производство преку склучување на цврсти договори, со кои земјоделците ќе бидат сигурни во откупот и цените, а откупувачите во производите што им се потребни. Министерот Николовски посочи дека од исклучителна важност ќе биде и проектот на Факултетот за земјоделски науки и храна за „Изработка на анализи за спроведување на инвестиции за изградба на откупно-дистрибутивни центри“ со осврт на производството, откупот и трговијата со зеленчук и овошје.  Резултатите од оваа анализа којашто ќе ги опфати потребните сегменти за воспоставување на можни решенија и насоки за успешно функционирање на откупот и дистрибуцијата на овошје и зеленчук, а резултатите се од голема помош за министерството и ќе служат како основа за креирање на политиките, базирани врз анализи и докази.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици