Николовски: Преку проектот „Изработка на анализи за спроведување на инвестиции за изградба на откупно-дистрибутивни центри“ до сигурен пласман и дистрибуција на земјоделските производи

07.06.2019 13:50:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Изработка на анализи за спроведување на инвестиции за изградба на откупно-дистрибутивни центри“ со осврт на производството, откупот и трговијата со зеленчук и овошје кој го изработи Факултетот за земјоделски науки и храна.

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и е во насока на создавање на услови за сигурен пласман и дистрибуција на земјоделските производи како клучна алка во процесот на производство.

„Не можеме да зборуваме за развиено земјоделско производство, ако немаме современи откупни и дистрибутивни центри. Организацијата на откупот и функционалната дистрибутивна структура се од суштинско значење за лесно расипливите земјоделски производи, и оттука произлезе потребата за оваа анализа којашто ќе ги опфати потребните сегменти за воспоставување на можни решенија и насоки за успешно функционирање на откупот и дистибуцијата на овошје и зеленчук, а резултатите се од голема помош за министерството. Во изминатиов период се обезбедени и финансиски средства за изградба на откупно-дистрибуривни центри, односно не само заокружувањето на она што треба да го знаеме првенствено преку оваа анализа туку и заокружена е рамката преку светска банка каде што е една од најголемите компоненти и средствата преку оваа компонента ќе бидат наменети токму за изградба и други инвестициски активности во делот на откупно-дистрибутивните центри“, изјави Николовски.

Оваа анализа ќе ја користи и Светска банка како основен преглед на потсекторите, врз основа на кој во следната фаза ќе се утврди конкретната потреба, локација и димензија на центри за откуп и дистрибуција на зеленчук и овошје во нашата земја

Министерот Николовски потенцираше дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство изминативе две години интензивно работи на политики и мерки со кои се обезбедат услови за сигурен откуп и пласман на земјоделските производи.

Оваа година во Програмата за рурален развој преку мерката Инвестиции за маркетинг на земјоделски производи, се овозможува предфинансирање на инвестициски проекти во висина од 100% од износот на предлог-проектите, за инвестиции во преработувачки капацитети, ладилници и откупни центри за приоритетните земјоделски производи кои

се соочуваат со проблеми во пласманот. Додека, мерките од ИПАРД 2 програмата нудат можност за кофинансирање на трошоците за изградба или реконструкција на ладилници, магацини, продажни пунктови и друг вид на инвестиции кои се во насока на решавање на проблемот со вишоци на производи и обезбедување на пласман.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици