Регионална работилница за подигнување на свеста за консолидација на земјиште во Прилеп

05.03.2019 14:59:00


Денеска во Хотелот Кристал Палас во Прилеп, проектот финансиран од Европската Унија “Воведување на национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД) кој го спроведува ФАО во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), одржа регионална работилница за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште. Денешната работилница е почеток на овогодинешната кампања за консолидација на земјоделско земјиште која ќе трае во наредните два месеци.

Главната цел на работилницата е да се подигне локалната свест и разбирање за придобивките од консолидацијата на земјоделското земјиште. Присуствуваа земјоделци, сопственици на земјиште, земјоделски организации, претставници на села и локални самоуправи, геодетски фирми, претставници од МЗШВ и АПРЗ, како и други важни локални чинители од Пелагонискиот регион.

Учесниците се информираа за принципите и постапките за консолидација на земјоделско земјиште во согласност со Националната стратегија за консолидација на земјиште (2012-2020) и Законот за консолидација на земјоделско земјиште, како и за тековните активности во рамки на проектот МАИНЛАНД. Учесниците беа исто така информирани за тоа како да аплицираат на претстојниот повик за изразување интерес за проекти за консолидација на земјиште кој ќе биде отворен од денеска и ќе трае во текот на март и април 2019 година.

Следните работилници за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште ќе се одржат во Куманово и Струмица, на 7. и 12. Март, соодветно. Кампањата ќе продолжи и на локално ниво, каде што проектниот тим, заедно со претставници на МЗШВ, ќе посетат неколку целни заедници, вклучително Кривогаштани, Старо Нагоричане, Босилово и Колибари, со цел да им се помогне на потенцијалните кандидати да аплицираат за локални проекти за консолидација на земјоделско земјиште. Овие активности имаат за цел да помогнат при изборот на нови 12 потенцијални области за консолидација на земјиште во земјата.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици