ИПАРД 2014 – 2020 презентирана на инфо денот во Штип и Радовиш

17.01.2019 14:46:00


Денеска во големата сала на општина Штип се одржа вториот инфо ден од едукативната кампања за ИПАРД Програмата 2014 – 2020. Во текот на денот активностите продолжуваат во Радовиш во Домот на културата „Ацо Караманов“.

Целта на инфо деновите е да да ги запознаат сите засегнати и зантересирани страни со спроведувањето и користењето на ИПАРД 2014 – 2020. На настанот во Штип присуствуваа претставниците од Одделението за програмирање и проценка при Телото за управување со ИПАРД од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тие ја ги претставија мерките „Примерно земјоделско производство“ и „Преработка на земјоделски производи“. Од Секторот за одобрување на проекти при Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој беше детално објаснета постапката при АФПЗРР за користење на средства од програмата.

Голем интерес имаше при претставувањето на примерот на успешно реализиран проект од претходниот јавен повик. Таму се поставија голем број на прашања и претставниците од агенцијата и министерството потенцираа дека сѐ уште има отворени 2 јавни повици. Конкретно, рокот за поднесување понуди за „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ истекува на 29-ти јануари, а за мерката „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ на 9-ти февруари.

Првиот инфо ден од кампањата беше реализиран вчера во Велес и Лозово. Денешниот инфо ден е втор од делот на едукативната кампања за ИПАРД 2 2014-2020, која ќе трае 18 месеци и во чии рамки се организираат 3 форуми, 6 работилници и 80 инфо денови.

Сите заинтересирани за ИПАРД Програмата може да најдат повеќе детали, информации и потребните документи навеб страниците на ИПАРД Македонија, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа http://www.ipardpa.gov.mk, http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://agencija.gov.mk/ или да се јават во сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици