ЈАВЕН ПОВИК бр.02/2018 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020

26.12.2018 08:30:00


ЈАВЕН ПОВИК бр.02/2018 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020

1. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 за следнава мерка:

  • Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства.

2. Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

3. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од: 3.1. 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства. Процентот се зголемува до 65% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.

4. Крајниот рок за поднесување на барањата е 09 февруари 2019 година

5. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 11.883.772,00 евра или 730.792.598,00 ден.

Документи за превземање

Јавен повик 02/18
Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици