Јавен ОГЛАС бр.04/22 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање

09.01.2023 16:00:00


Врз основа на член 21-a став 1 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19и 178/21), а по претходно добиена согласност од Владата на Република Северна Македонија и донесена Одлука за давање на согласност на Јавен оглас бр.04/22 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.287/22), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува  Јавен   ОГЛАС бр.04/22 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање. Повеќе за огласот, деталите, начините и критериумите за аплицирање може да ги прочитате во документите во прилог.

Се известуваат сите понудувачи дека јавното отворање на понудите ќе се одржи на 30.01.2023 година (понеделник) со почеток во 10:00 часот во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. „Аминта Трети“ бр.2, 1000 Скопје (големата сала на приземје).

Документи за превземање

Јавен оглас 04-22 над 3 ха
Образец на понуда по јавен оглас 04-22
Верзија за банкарска гаранција за учество на Јавен Оглас
ВАЛАНДОВО
ВЕЛЕС
ГАЗИ БАБА
КАВАДАРЦИ
КИСЕЛА ВОДА
КРИВА ПАЛАНКА
РАДОВИШ
СВЕТИ НИКОЛЕ
ШТИП
Share