Средба Николовски – Пеци: Ги пренесуваме позитивните искуства во ИПАРД програмата, продлабочувајќи ги односите меѓу Северна Македонија и Косово

30.11.2022 15:00:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска одржа работна средба со министерот за земјоделство, шуамрство и рурален развој на Косово, Фатон Пеци.

Двајцата министри, на средбата, истакнаа дека ова е добра можност за унапредување на меѓусебната соработка, како и можност за меѓусебна размена на искуства и добри практики во развојот и модернизацијата на земјоделството.

Преку Меморандумот за соработка помеѓу двете министерства на Северна Македонија и Косово, потпишан на заедничката седница помеѓу владите одржана во септември 2021 година, се регулира меѓуебната соработка и размена на искуства за ИПАРД програмите.

Република Северна Македонија е земја лидер во регионот по искористеност на средства од ИПАРД програмите, со високи 95% искористеност на средствата. Таквите резултати ги потврди  и Европската Комисија која од следната ИПАРД 3 програма ја зголеми за 62% поддршката кон Северна Македонија. Министерот Николовски на средбата нагласи дека токму ова наше позитивно искуство сакаме да го споделиме, помагајќи им на институциите во Косово успешно реализирање на ИПАРД програмите и можностите за развој и модернизација на земјоделството кој оваа програма ги нуди.

Двајцата министри на средбата разговараа и за добрата меѓусебна соработка во делот на меѓусебната размена на земјоделско - прехранбени производи, како и за добрата соработка меѓу агенциите за храна и ветеринарство.

 

Share