Почеток на спроведување на Твининг лајт проектот „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“

27.06.2022 09:45:00


На 9-ти мај започна спроведувањето на твининг лајт проектот финансиран од Европската Унија со вредност од 250.000,00 евра „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“.

Главната цел на овој проект е усогласување на националното законодавство во областа на рибарството и аквакултурата преку подготовка на правни акти за пазарни стандарди и информации за потрошувачите за производите од рибарство и аквакултура, за признавање на организации на производители, меѓусекторски организации, како и за структурна поддршка и државна помош во согласност со барањата на Европската Унија и Заедничката рибарска политика. Покрај ова, со проектот ќе се зајакнат административните капацитети на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнство и инспекцијата на Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот инспекторат за земјоделство преку блиска соработка, работилници и студиски посети.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантво е главен корисник на проектот, додека пак проектен партнер од земја членка е Министерството за земјоделство на Република Хрватска.

Свеченото отворање на Твининг лајт проектот ена 27 јуни 2022 година во Скопје.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум