ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2018 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020

30.11.2018 13:08:00


Врз основа на член 9 став 1 точка б од Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Комисијата на Европските Заедници за правилата за соработка во однос на финансиската помош од ЕК на Република Македонија и спроведување на помошта според компонента V (ИПАРД) од инструментот за претпристапна помош (“Сл. весник на РМ“ бр. 38/2016), врз основа на Дел II мерка Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи точка 11 од Програмата за користење на средствата од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) за период 2014-2020 (“Сл. весник на РМ“ бр. 177/2016), и врз основа на член 6 од Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерките за рурален развој финансирани од програмата ИПАРД 2014-2020 (“Сл. весник на РМ“ бр. 64/2016)
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 30 ноември 2018 година објавувa:
ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2018 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020

Крајниот рок за поднесување на барањата е 14 Јануари 2019 година
Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 13.178.668,00 евра или 810.422.183,74 ден.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици