Николовски: Го унапредуваме производствотo на ориз, создаваме услови за конкурентни производи, стабилен пласман и повисоки приходи за земјоделците

29.11.2018 13:08:00


Оризот има економско, социјално и трговско значење за нашата земја и затоа идните политики на Владата ќе бидат во насока на унапредување и зголемување на производството, порача министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на денешната работилница  „Градење на институционални капацитети за конвенционално и органско производство на ориз“. Оваа работолница е организациски и финансиски поддржана од Инструментот за техничка помош и размена на информации на Европската Комисија-ТАЕКС. 

Николовски порача дека оризот како земјоделска култура во Програмата за финансиска поддршка зазема посебно место, пред се поради традиционалните вредности и долгогодишното производство, како и неговата улога за развој на руралната економија и извозно препознатливиот бренд во регионот.

„Во годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството,   субвенцијата со користење на сертифициран семенски материјал е 12.000 денари по хектар, а за без семенски материјал е 6.000 денари. За 20 отсто е зголемена субвенцијата за растително производство вклучително и за оризот за земјоделците со развоен капацитет. Конкретно, за оние кои имаат површини од 5 до 50 хектари, субвенцијата изнесува 14.400 денари по хектар за користен сертифициран семенски материјал и 7.200 денари за без семенски материјал. Дополнително олеснителна околност за компаниите откупувачи и извозници на ориз, е што веќе со Србија е потпишан договор кој функционира за признавање на македонскиот сертификат за ГМО, а  радиоактивност се испитува на самиот граничен премин“, потенцираше министерот Николовски.

При тоа, Николовски посочи дека во првата година од мандатот за 300 отсто беа зголемени субвенциите за оризот, а како дел од системските мерки кои ќе се преземаат за развивање на производството на ориз е и поддршката за Институтот за ориз во Кочани, за што преку Програмата за рурален развој е предвидена финансиска поддршка.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во 2015 и 2018 година преку ТАЕКС Инструментот реализираше експерстка мисија и студиска посета на кои беа резимирани европските практики. Тогаш беа опфатени повеќе теми, меѓу кои договарањето, маркетингот и продажбата на оризовата арпа и белиот ориз, мерките за поддршка на производството, функционирањето на задругите, сортиментот, квалитетот, како и принципите на биодиверзитот и органското производство на ориз во Република Италија. На денешната работилница присуствуваа претставници од Делегацијата на Европската унија во земјава, експерти од Република Италија, Република Грција и Република Бугарија, домашни експерти и претставници од МЗШВ.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици